
Новата европска анализа за квалитетот на водите за капење покажува дека најголем дел од плажите, езерата и реките во Европа остануваат безбедни за капење. Според извештајот за сезоната 2025 година, 96 проценти од контролираните места во Европската Унија ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет на водата, додека само 1,5 проценти се оценети како незадоволителни.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Крајбрежните води повторно имаат подобри резултати од реките и езерата. Во 2025 година, 87,4 проценти од морските места за капење биле оценети како „одлични“, додека кај внатрешните води, односно реките, езерата и другите слатководни места, тој процент изнесува 78,3 проценти.
Кипар на врвот со чисто море
Кипар има еден од најдобрите резултати во Европа. Сите контролирани крајбрежни води во земјата добиле највисока оценка, што ја прави една од најсигурните летни дестинации кога станува збор за чисто море.
Меѓу земјите со најдобри резултати се и Грција, Бугарија и Австрија, каде голем дел од местата за капење се оценети како „одлични“. Ваквите резултати имаат големо значење и за туризмот, бидејќи чистата вода станува еден од најважните критериуми за избор на летување.
Албанија со слаб резултат во анализата
Албанија се издвојува со еден од најслабите вкупни резултати меѓу земјите опфатени во извештајот. Според европските податоци, само мал дел од контролираните места за капење во земјата добиле највисока оценка „одлично“.
Послаби резултати имаат и дел од другите европски земји, меѓу кои Естонија, Полска, Унгарија и Белгија, каде помалку од 70 проценти од водите за капење добиле највисока оценка.
Реките и езерата се почувствителни
Експертите објаснуваат дека реките и езерата полесно се загадуваат реките и езерата полесно се загадуваат од морските плажи. Обилни дождови, отпадни води, земјоделски активности и добиток во близина на водотеците можат брзо да го нарушат квалитетот на водата.
Квалитетот се проценува според присуството на бактерии како Escherichia coli и цревни ентерококи. Нивното присуство може да укаже на фекално загадување и ризик за здравјето, па затоа европските институции секоја година ги следат водите и ги објавуваат резултатите.
Македонија не е дел од оваа анализа
Извештајот ги опфаќа земјите од Европската Унија, како и Албанија и Швајцарија. Македонија не е вклучена во оваа анализа, исто како Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Норвешка, Обединетото Кралство и Исланд.
Затоа резултатите не може директно да се споредуваат со состојбата на водите за капење кај нас. Но европската листа јасно покажува една работа: чистата вода станува силна туристичка предност, а земјите што вложуваат во заштита и контрола добиваат сè поголема доверба кај посетителите.


