во , ,

„Клошаренило“ – симпатичните српски цитати што вирално се споделуваат

„Колку сум постара толку помалку ме збунува што ми тргнало на лошо. Барем ми тргнало.“ „А, каде ќе ти оди душата? На пиво“… се дел од забавните цитати на „Клошаренило“, кои вирално се споделуваат.

Шаренилото на интернет светот е неверојатно, па така постои еден српски Инстаграм профил со цитати и слатки илустрации во кои сигурно ќе се пронајдете.

Од љубов до главоболки од секојдневие на профилот „Клошаренило“ е опфатено сѐ, a илустрациите вирално се споделуваат.

Издвојуваме некои од најинтересните:

„Постојат такви луѓе како каменче во чевелот.“

„Повторно заборавив да имам дечко.“

„Љубов и останати револуции. Осуди се да сакаш.“

„Грозница во саботна ноќ.“

„Колку сум постара толку помалку ме збунува што ми тргнало на лошо. Барем ми тргнало.“

„Го барам дечкото, што ме бара мене.“

„Само кафето ми оди од рака. Ова е таков некој ден.“

„А, каде ќе ти оди душата? На пиво.“

„Чао, брзам.“

„Јас не си ја гледам својата работа, а не пак твојата.“

„Се залетувам во ѕвездите, но и во црната дупка.“

„Надвор од рамката, тоа е љубов.“

„Треба да се пуштите себе на пиво.“

„Знаат луѓето да бидат добри, но не сакаат.“

„Сите ние на крајот стануваме – Ех, кога јас бев на твои години – тип на човек.“

„Ситниците треба да ги цените на време.“

„За луѓето најмногу дознаваш кога ќе почнеш да се цениш себе.“

„Искрено мила моја, мислам дека е во ред и на ред да бидеме во ред.“

„Јас сум проблем за секој проблем.“

„Некој живее со полни плеќи, јас со полн стомак.“

„Што и да не испланирам, нема да пропадне.“

„Колку сум постара, толку подобро знам кого треба да откачам.“

„Ситниците се универзум.“

„Сѐ во животот има свој дожд и свое сонце.“

„Сѐ ќе биде добро.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 Трикови од хотелите кои прават сѐ за гостите да дојдат повторно

15 Генијални изуми кои може да се најдат во Германија, а дефинитивно ни требаат и кај нас