во ,

Кога кавгата во сообраќајот ќе ја премине границата… Реакцијата на оваа девојка стана вирална

На социјалните мрежи масовно се споделува видео снимено во Риека кое сведочи за ситуација што е честа во многу земји и градови. На прв поглед би рекле дека станува збор за безопасна расправија, кога од автомобилот излегува млад човек за да ги „израмни сметките“ со возачот пред себе.

Но, тој смел тон за брзо време се менува бидејќи по неколку секунди од автомобилот излегува жена со палка во раката која тргна да го брка нервозното момче. Момчето веднаш побегна кога виде дека жената држи „ладно оружје“.

Реклама

Но, приказната има две верзии, па хрватските медиуми ја споделуваат реакцијата на момчето кое се јавило во редакциите да објасни што точно се случило.

– Добар ден, овој пат ѝ се обраќам на пошироката јавност за вчерашната ситуација во градот Риека. Јас сум совозачот кој излезе на видеото… „Госпоѓата“ во автомобилот возеше зад нас, но без причина почна да вози многу блиску до нас и неколку пати ќе се удреше во автомобилот на мојата пријателка, која положи за возачка дозвола пред само шест месеци.

Мојата пријателка беше многу исплашена затоа што нема доволно искуство. Продолживме да возиме кон градот, а госпоѓата почна да преминува неколку ленти без да вклучи трепкач во која насока оди.

Ние продолживме да возиме и повторно госпоѓата се најде пред нас и почна нагло да кочи. На тоа, го спуштив прозорецот од автомобилот и почнав нервозно да викам. Застанавме на семафорот и другото може да се види од видеото. Госпоѓата веројатно беше под дејство на алкохол затоа што почувствував мирис на алкохол во нејзиното возило, кое беше во неред. На моето прашање дали е нормална, дали сака да предизвика сообраќајна несреќа и дека ќе убиеше петмина, таа излезе со метална шипка во раката.

И јас можев да земам метална шипка, но не живееме во камено време. Сите медиуми во моментов ја фалат како херој, а мене ме сметаат за кукавица. Токму поради вакви луѓе, секој ден страдаат пешаци, мотоциклисти…

Се извинувам за моите груби зборови, само сакав да ја предупредам да не го прави тоа, а таа ме нападна. Вие фалете ја и понатаму, и тогаш кога ќе згази некое дете – пишува момчето.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Највисокиот замок од песок изграден во Данска Потрошени 5 тони материјал, украсен со специјални мотиви

24 Брутални илустрации кои ги акцентираат проблемите на модерното општество