во ,

Кога Пабло Пикасо беше уапсен за кражбата на Мона Лиза

Сликарот Пабло Пикасо бил меѓу осомничените за кражбата на Мона Лиза од парискиот Лувр во 1911 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Кога познатата слика на Да Винчи исчезнала од парискиот музеј, тоа било наречено „кражба на векот“ – музејот бил затворен една недела поради детална истрага, а Пикасо се нашол меѓу осомничените заедно со поетот Гијом Аполинер.

Викенд Намаление

Како Пикасо станал осомничен?

Причината за тоа била бизарна и не била директно поврзана со Мона Лиза. Асистентот на Аполинер, Гери Пјере, претходно украл две бисти од Лувр во 1907 година, од кои едната му ја продал на славниот сликар, а другата му ја подарил.

Оваа кражба на бисти не била откриена, сè додека самиот Пјере, четири години подоцна (откако Мона Лиза веќе била украдена!), не посакал да се пофали на новинарите за својот подвиг. Полицијата веднаш ги поврзала и ги уапсила Аполинер и Пикасо.

Кој навистина ја украл Мона Лиза?

Поетот поминал шест дена во затвор, додека Пикасо бил уапсен и испрашуван. Славниот сликар тогаш негирал дека го познава Аполинер или неговиот асистент-крадец, како и дека не го знае потеклото на бистите.

На крајот било откриено дека Мона Лиза ја украл вработен во Лувр, Винченцо Перуџа, кој сликата ја извадил од рамката и ја изнел од музејот под својот капут. Тој бил уапсен во 1913 година додека се обидувал да ја продаде на галеријата Уфици во Фиренца.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рецептот на баба што е понежен од облак: Kох од гриз што секогаш успева