во ,

Кои држави имаат највисок просечен коефициент на интелигенција меѓу жителите

Дали некогаш сте се запрашале во која држава живеат најинтелигентните луѓе? Многу луѓе си го поставиле ова прашање, а бројни истражувања се обиделе да го најдат одговорот.

Едно од најновите истражувања за коефициент на интелигенција било спроведено во 2016-та година, од страна на Statistic Brain Research Institute.

Резултатите од истражувањето, заедно со просечниот коефициент на интелигенција во државите, можете да ги погледнете во продолжение:

Реклама

Канада, Чешка, Финска: 97

Канада зазема висока позиција на многу интернационални мерки, како граѓанска слобода, квалитет на животот, образование и и слично. Па, не треба да ве изненади што оваа држава се наоѓа на листава.

Со просечен коефициент од 97, Канада го дели 25-тото место со Чешка и Финска.

САД, Норвешка, Монголија, Франција, Данска и Австралија: 98

Образовниот систем во САД е можеби поназад од оној во Јапонија, Австралија и Канада, но според истражувањето, САД е една од најинтелигентните нации со просечен коефициент на интелигенција од 98.

Норвешка, државата со неверојатните пејсажи и некои од највисоките приходи во светот, е исто и паметна држава, со просечен коефициент од 98.

Монголија можеби не е развиена колку останатите држави на листата, но жителите покажале изненадувачки високо ниво на интелигенција.

Најпосетената држава во светот, Франција, има добри резултати во области како образование, здравство, човечко развој и слично, а добро се покажала и на тестовите за интелигенција.

Данците имаат висок животен стандард, најмала корупција во светот, одличен просперитет, а истовремено се и навистина интелигентни. Одличното бесплатно образование можеби е една од причините за ова.

Австралијците се горди на нивниот образовен систем и ниво на писменост – во 2003-та година, 99% од населението било писмено.

Шпанија, Полска, Унгарија: 99

Најголемата држава во јужна Европа можеби овие неколку години не покажала добри резултати во другите области, како на пример високата стапка на невработеност. Сепак, просечниот коефициент на интелигенција во државата е 99.

Можеби ќе се изненадите што Полска е на листава, но кога ќе размислите колку научници, писатели, филозофи и артисти доаѓаат од овде, нештата стануваат појасни.

Една од најмалите држави на листава е дом на помалку од 10 милиони жители. Унгарија има направено огромен придонес во светската уметност, музика, литература, спорт, наука и технологија, па слободно можеме да кажеме дека Унгарците се навистина паметни луѓе.

Велика Британија, Нов Зеланд, Кина, Белгија: 100

Велика Британија останува голема сила со нејзиното економско, културно, воено, научно и политичко влијание ширум светот. Покрај тоа, во Британија се наоѓаа многу престижни универзитети и многумина имаат универзитетска диплома.

Постојат многу нешта по коишто е позата Нов Зеланд, а сега оваа држава се наоѓа и помеѓу најинтелигентните нации во светот.

Кина е родното место на многу изуми, па овде мора да има навистина интелигентни луѓе. Според истражувањето, просечниот коефициент на интелигенција во Кина е 100.

Белгија е уште една држава од западна Европа што се наоѓа на листата.

Швајцарија, Шведска: 101

Швајцарија е позната по својот уникатен образовен систем кој ги прави програмите според потребите и способностите на учениците. Ова резултирало со високо просечно ниво на интелигенција.

На Шведска ѝ оди одлично во повеќето социоекономски категории, како квалитет на животот, здравје, образование, еднаквост и слично. Па, не треба да ве чуди што оваа држава се наоѓа помеѓу 10-те најинтелигентни држави во светот.

Холандија, Италија, Германија, Австрија: 102

Холандија во неколку наврати се наоѓа на листата на најсреќните држави во светот. Но, Холанѓаните не се само среќни и богати, тие се и навистина интелигентни.

Кога ќе се земат предвид огромните придонеси на Италија во науката, технологијата и уметноста, не е ни чудно што и оваа држава се наоѓа помеѓу првите 10.

Како дом на над 82 милиони луѓе, Германија е високо развиена држава со неверојатен стандард на живот кој го одржуваат обучени, продуктивни и навистина интелигентни луѓе. Германија има навистина ефикасен образовен систем и многу престижни, речиси бесплатни универзитети.

Австрија е многу помала од нејзиниот сосед, Германија, но кога станува збор за животниот стандард, образованието и другите социоекономски категории, таа е на речиси истото ниво со Германија.

Сингапур: 103

Првите 5 држави на листата се од Азија, а петтото место ѝ припаѓа на Сингапур. Ова е една од технолошки најразвиените држави во светот, а просечниот коефициент на интелигенција е 103.

Тајван: 104

Уште една азиска држава со технолошка супермоќ има многу придобивки од добро обучената и интелигентна работна сила. Тајван е и држава со најголем процент луѓе кои го продолжиле своето образование после средно.

Јапонија: 105

Јапонија е водечката држава во научните истражувања и технологијата, а ова сигурно кажува нешто за интелигенцијата на нацијата. Со просечен коефициент на интелигенција од 105, Јапонија е третата најпаметна држава во светот.

Јужна Кореја: 106

Јужна Кореја е технолошки напредна и развиена држава кој ја води мотивирана, образувана и обучена работна сила. Јужна Кореја исто таа покажува најдобри резултати во читање, математика и наука.

Хонгконг: 107

Политички, Хонгконг е дел од Кина, но како автономна територија, Хонгконг одржува свој политички и економски систем. Со неверојатен просечен коефициент на интелигенција од 107, ова е најинтелигентната држава во светот.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

25 брутални вистини што никој од нас не сака да ги слушне

23 Урнебесни готварски фејлови со торти