Без разлика дали косата ви е виткана, права, седа, густа или тенка, секоја бара посебен пристап кон миењето и негата.
Клучот е во пронаоѓањето рамнотежа помеѓу чистотата и природните масла кои го чуваат здравјето на темето и сјајот на влакната. Холивудската фризерка Шерил Маркс, трикратен кандидат за Еми награда, во разговор за „Експрес“ открива дека не постои универзално правило.
„Колку често треба да се мие косата е едно од најчестите прашања што ги добивам. Сè зависи од типот и текстурата на косата, како и од тоа колку често се потите или вежбате. Не постои едно решение кое одговара на сите“, вели таа.
Колку често да се мие косата според типот
Според Шерил, најдобро е косата да се мие секој втор ден, за да се задржат природните масла и да се нахрани темето. Сепак, постојат разлики во зависност од типот на косата:
- Рамната коса треба да се мие на секои два до три дена.
- Витканата, густа и груба коса, која е природно посува, може да се мие на секои четири до седум дена.
Со годините се менува и самата текстура на косата, предупредува фризерката:
„Како што старееме, косата станува посува, па секојдневното миење не е препорачливо. Пуштете ги природните масла да си го направат своето.“
По педесеттата година косата станува посува и веќе се присутни седи влакна, па во ред е косата да се мие двапати неделно, но не повеќе од тоа.
Што е најважно во негата
Без разлика на типот, квалитетниот шампон и регенератор се задолжителни. Шерил препорачува производи со арганово масло, кои ја омекнуваат, расплеткуваат и штитат косата од оштетување.
Дали е корисно двојното шампонирање?
Дерматологот д-р Мелани Палм објаснува дека двојното миење може да биде корисно, но не за секого. Лицата со виткана и груба коса, кои поретко ја мијат косата, можат да практикуваат двојно шампонирање – еднаш за да ги отстранат нечистотиите, вториот пат за темелно да го исчистат темето.
Меѓутоа, ако косата ја миете секојдневно или секој втор ден, оваа практика може да биде штетна, бидејќи ги отстранува природните масла и предизвикува исушеност, првут или иритација на темето.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден