
Познатата германска фабрика за чоколади „Ригелајн“ (Riegelin) ги затвора вратите после повеќе од 70 години!
Чоколадните производи на германскиот бренд, познат по празничните чоколади кои красеа речиси секоја божиќна и велигденска трпеза, наскоро заминуваат во историјата. Матичната фабрика во Кадолцбург ќе биде затворена во април 2026 година, потврди за Билд, Дитер Шефер, портпарол на Губор групацијата, која е сопственик на Ригелајн. Оваа одлука погодува околу 200 вработени.
Како дојде до затворање
Компанијата наведува дека во последните четири години побарувачката за чоколада во супермаркетите значително паднала, додека трошоците за производство и енергенси постојано растеле. Семејството Ригелајн се обидувало да одговори на пазарните предизвици и уште во 2019 година се споило со поранешниот конкурент Губор/Рибелцал, со што настанала Губор групацијата со околу 1.700 вработени. Во мај 2025 година, групата дополнително се здружила со полската компанија Колијан. Дури и познатата продавница и изложбен простор на фабриката „Чокотек“ ќе ги затвори своите врати во април 2026 година.
„Трошоците нè изедоа“
Извршниот партнер на Губор групацијата, Клаус Церсовски, изјавил дека растечките цени на суровините и енергијата, силната меѓународна конкуренција, но и нужното зголемување на цените кон купувачите, довеле до чувствителен пад на нарачките. Поради сè помалиот обем на производство, фабриката работела под капацитетот, а понекогаш доаѓало и до привремени прекини на работата.
Што ќе биде со работниците
Производството ќе биде преместено во други погони во рамките на Губор групацијата, додека складиштето во Форхајм ќе биде затворено до јуни 2027 година, кога истекува закупот. Сè уште не е познато колку работници ќе ја изгубат работата, но управата најавила дека наскоро ќе започне преговори со работничкиот совет за социјален план. Одделите за набавка, маркетинг, продажба и ИТ ќе останат во Кадолцбург.
Седум децении традиција
Компанијата во далечната 1953 година ја основал Ханс Ригелајн во рамките на семејната пекара. Со сопругата, од мала работилница создал еден од водечките производители на чоколада во Европа.
Денес Губор групацијата, чиј дел е Ригелајн, произведува околу 40.000 тони слатки годишно и остварува промет од 350 милиони евра. Има уште четири фабрики во Германија и една во Полска.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







