
Крај на љубовта по една деценија: Мел Гибсон и 34 години помладата Розалинд се разделија
Холивудскиот ветеран Мел Гибсон (69) и неговата долгогодишна партнерка, сценаристката Розалинд Рос (35), одлучија да стават крај на својата врска по девет години заеднички живот. И покрај разделбата, поранешниот пар во заедничка изјава за магазинот „People“ нагласи дека остануваат посветени на родителството на нивниот осумгодишен син Ларс. „Благословени сме со прекрасен син и ќе продолжиме да бидеме најдобрите можни родители“, порачаа тие.
Од асистентка до животна сопатничка: Романса која започна во 2014
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Нивната љубовна приказна започна кога Рос, тогаш 23-годишна, беше ангажирана како асистентка во продукциската куќа на Гибсон. Ова е трета сериозна врска за актерот, кој зад себе има бурно минато – 31-годишен брак со Робин Мур (со која има седум деца) и контроверзна врска со Оксана Григориева (една ќерка). Со оваа разделба, Гибсон, татко на вкупно девет деца, повторно е соло играч во Холивуд.


