
Ѕвончето означи крај: Почнува зимскиот распуст за 250.000 ученици
Од денес, училишните клупи остануваат празни. За околу 250.000 основци и средношколци официјално започнува зимскиот распуст. Учениците ќе можат да уживаат во празниците цели три недели, а враќањето на настава за второто полугодие е закажано за 20 јануари 2026 година.
Што носи 2026 за образованието? Повисоки плати и нова матура
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Второто полугодие носи значајни промени. Продолжува воведувањето на едносменска настава (моментално во 200 училишта), а матурантите во јуни ги чека полагање по нов концепт. Добра вест има и за наставниот кадар – најавено е покачување на платите во март, кое ќе се движи меѓу 7,5 и 10 проценти.


