
Критики за ставовите на Ахмети кон Србија и „Отворен Балкан“
Во соопштението на ВЛЕН се наведува дека Ахмети во своите настапи порачува оти регионалниот мир се гради преку соработка со Србија. Од коалицијата остро го критикуваат ваквиот став, посочувајќи дека Србија сè уште не ја признава независноста на Косово, не побарала извинување за случувањата во 1999 година и, според нивните тврдења, стои зад настаните во Бањска, за кои го обвинуваат лидерот на ДУИ дека никогаш не проговорил.
Од ВЛЕН нагласуваат дека признавањето на независноста на Косово за нив претставува клучен предуслов за нормализација на односите меѓу двата народа.
Фокус на инфраструктурно поврзување со Албанија и Косово
Коалицијата порача дека нивната владина определба е јасно насочена кон поврзување со Албанија и Косово преку конкретни инфраструктурни и гранични проекти. Како главни приоритети ги истакнуваат изградбата на Коридорот 8, автопатот Скопје – Блаце, патниот правец Тетово – Призрен, како и воведувањето на системот „One Stop Shop“ на граничните премини.
Во завршниот дел од реакцијата, од ВЛЕН упатија порака до поддржувачите на „Отворен Балкан“, додавајќи обвинувања за тесни групни интереси и алудирајќи на случајот со „Алта банка“.
„Носталгичарите на „Отворен Балкан“ треба да сфатат дека националното прашање никогаш повеќе нема да биде заложник на тесни групни и семејни интереси, ниту монета во сомнителните трансакции на сватот што ни ја донесе Алта банка“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







