Ријалити ѕвездата Кристијан Голубовиќ се приклучи како нов учесник на најновата сезона на „Фарма 8“, а продукцијата го чуваше како големо изненадување за крај. Голубовиќ пристигна во студиото во вистински витешки стил – на коњ и со плашт, што привлече огромно внимание од присутните медиуми.
Меѓутоа, драмата почна веднаш штом се симна од коњот. Во обид да се упати кон студиото, Голубовиќ се сопна и пропадна низ дупка на сцената. Водителката Душица Јаковљевиќ се обиде да го предупреди, но веќе беше доцна.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
„Ова ќе биде трендинг! Кралот не може да пропадне. Не ја видов дупката,“ прокоментира задихан Голубовиќ.
Неговата несреќа предизвика смеа кај присутните во студиото, како и кај публиката пред малите екрани.



