во ,

„Круна се купува во Волмарт, не овде“: Мис Универзум проговори за скандалот со местењето

Фатима Бош жестоко враќа на обвинувањата: „Можеби во Волмарт се купува круна, но не и на Мис Универзум!“

Мис Универзум 2025, Фатима Бош, во ексклузивно интервју за „ABC7“ ги отфрли шпекулациите дека нејзината победа е наместена поради наводни деловни врски на нејзиниот татко со претседателот на организацијата, Раул Роча. Таа ги нарече овие тврдења, иницирани од француско-либанскиот музичар Омар Харфуш, „кампања на омраза“ и беше децидна: „Лудо е, како ќе купите круна? Можеби во Волмарт можете, да. Но, сигурно не во Мис Универзум“.

„Имам мисија од Бога и нема да се повлечам“

Супер Попуст -25%

Мексиканската убавица, која беше крунисана во Тајланд на 21 ноември, категорично ги негираше гласините дека планира да се откаже од титулата под притисок на јавноста. „Не сум тука за слава, манекенство или за да најдам сопруг. Тука сум затоа што Бог стави цел во моето срце“, изјави Бош, додавајќи дека вложила ист напор како и сите други натпреварувачки и дека е подготвена да ја извршува својата мисија цела година.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Убиство во Италија: Македонка претепана до смрт во Анкона, полицијата го бара сопругот!

„Солзи радосници на каса“: Момче од Загреб им ги плати сметките на пензионерите