во ,

Купил куќа полна со ѓубре, а потоа наишол на богатство: Открил ретки монети, накит, скапа облека, а само една работа задржал за себе

Кога ја купил куќата полна со прашина, кутии и разно ѓубре, Алекс Арчболд од Канада не можел ни да претпостави дека го направил потегот на животот.

Имено, Арчболд, кој инаку се бави со собирање на антиквитети, го купил домот на покојната наставничка по музика Бет-Џоан Рак. На почетокот, се надевал дека во куќата ќе затекне само еден стар клавир.

Тој се што се наоѓало во куќата на мадам Рак го преземал откако таа починала минатиот декември.

Реклама

Трговецот со антиквитети снимил што се открил во куќата, проценувајќи дека пронашол работи во вредност од околу 400.000 долари.

Иако неколку години ја познавал госпоѓа Рак, никогаш не влегол внатре. Сепак, одлучил да ризикува и ја купил куќата.

Меѓутоа, се шокирал кога видел насобрани работи, огромни слоеви прашина и ѓубре.

“Не знаев дека ексцентричната наставничка по пијано која ја познавав е всушност милионерка”, рекол Алекс.

Додека тој и неговиот тим макотрпно “прекопувале” низ секоја соба, откриле ретки банкноти, вклучувајќи и чист сребрен долар и пари од 1920-та година.

“Најимпресивните наоди вклучуваат паричници полни со кеш, сребрена плочка од 2,8 килограми и вреќи полни со златни и дијамантски прстени”, истакнал тој.

Низ куќата имало кутии од “Шанел”, “Барбери” и “Тифани”, а Алекс дури и пронашол блескав златен прстен во чевел.

Налетал на мали сребрени плочки, откако една испаднала од купче летоци, па ги проверил сите списанија и книги во куќата.

Ормарите на госпоѓа Рак биле полни со дизајнерска облека, од крзнени капути до кроени одела, а спаѓаат во многу барани винтиџ парчиња.

Тука имало и стари записи, соба со перики, бројни прибори за јадење, мебел, книги, чевли, украси и најмалку три машини за шиење.

“Сето ов аима потенција, имав неверојатна среќа. Ова ми е најдобрата инвестиција во животот”, заклучил тој.

Откако ги собрал сите работи, решил дека големиот клавир ќе го задржи за себе.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 „Пред VS. Потоа“ споредби колку се променија ѕвездите од почетокот на нивната кариера

21 Фото-споредби ги прикажуваат голманите од 90-те како птици