во ,

Куќата од Симпсонови би имала вртоглава цена доколку навистина би постоела

Доколку куќата од популарната серија “Симпсонови” навистина постоеше на адресата 742 Evergrin Teras во измислениот град Спрингфилд би имала неверојатна вредност.

Таа е проценета на половина милион долари, наведува една агенција за недвижности. Таа агенција ја процени куќата со четири спални соби и 2 тоалети. Сместена покрај неподносливиот сосед, Нед Фландерс, агенцијата забележа дека куќата е изградена пред 1989 година и дека има 204 метри квадратни.

Во текот на пследните три децении, Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги се селеле во различни домови, но секогаш се враќале во Спрингфилд.

“Преубавата двокатна куќа со подрум. Низ главната врата влегувате во претсобјето. Од левата страна е удобната дневна соба, а од десната е терпезаријата”.

“Вториот кат има четири спални соби. Главната спална соба има сопствен тоалет. На катот има и дополнителен тоалет. Дворот е заграден со дрвена ограда. Исто така има и поплочен двор и куќичка на дрво”, се наведуваа во извештајот на агенцијата.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шо прајш бе, арен ли си?

Со заби влечел тенк тежок повеќе од 40 тони: Ова дури и не е најголемото достигнување на “унгарскиот Попај”