во , , ,

Легендите за португалски истражувач Фернандо Магелан и неговата мистериозна смрт

Најголем дел од луѓето знаат кој е Фернандо Магелан, големиот португалски истражувач кој пловел под шпанско знаме, првиот кој отпловил од Европа до Азија одејќи на запад, прв европјанин кој го преминал тихиот океан и прв кој ја водел експедицијата со цел да ја отплови Земјината топка. Но, за жал Фернандо не дочекал да ги види „плодовите“ од неговото остварување и бил убиен на 27 април 1521 на Филипините и во тоа време многу луѓе мислеле дека брзо ќе биде заборавен.

Околку неговата смрт кружат многу приказни и легенди за она што се случувало на самото патување, затоа што луѓето отсекогаш знаеле дека колку е поневеројатна приказната толку е поверојатно дека ќе остане запаметена.

Несогласувањето со еден поглавар било кобно за Магелан

Реклама

По неколку недели поминати на Филипините, Магелан преобратил дури 2.200 локални жители во христијанство, вклучувајќи го и Раџа Хумабон од Цебу и повеќето водачи на островите околу Цебу. Сепак, Лапулапу, водачот на Мактан, се спротивставил на преобразбата.

Со цел да ја добие довербата кај Раџа Хумабон, Магелан испловил кон Мактан со мала група војници утрото на 27 април 1521. За време на битката против трупите на Лапулапу, Магелан бил погоден од бамбусово копје, а подоцна опкружен и убиен со друго оружје.

Жинес де Марфа го опишува моментот по смртта на Магелан: „Ништо од телото на Магелан не преживеа, тоа попладне тажниот крал Раџа, надевајќи се дека ќе ги откупи неговите останки, му понуди на победничкиот поглавар на Мактан убав откуп од бакар и железо за нив, но Дату Лапулапу одби. Тој имал намера да го задржи телото како воен трофеј. Бидејќи неговата сопруга и дете починаа во Севилја пред да може некој член на експедицијата да се врати во Шпанија, се чинеше дека сите записи за постоењето на Фердинанд Магелан исчезнаа од земјата.“

Никој точно не знае што направи поглаварот со телото на Магелан и на кој начин тоа било изложено пред народот на племето Мактан.

Митот за џиновите

Кога застанале во Аргентина на плажите во Патагонија виделе луѓе високи 2,5 метри. Откако Магелан ги измамил дека се пријатели однел еден таков човек на својот брод. Подоцна бил крстен и му било дадено името Павле, но починал.

Тие ги нарекувале џинови. Овие луѓе биле членови на племето високи мажи наречено Техуелче. Флотата на Магелан претерала колку биле високи. Митот за џиновите продолжил да живее со години.

Страв од „големиот пад“

Дури и пред Магелан, луѓето мислеа дека земјата е рамна. Многу години подоцна, кога истражувале, тие почнале да ја дознаваат вистинската форма на земјата. Она што е интересно е стравот кај морнарите на Магелан. Најголем дел од нив мислеле дека ќе дојдат до крајот на земјата и ќе паднат од нејзиниот раб. Ова мислење им влевало неверојатен страв.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сине, оди до комшијата Перо, нека ти ја даде бормашината зошто ми треба малку…

Останете во своите домови: Сибирски тигар сее страв во кинеско село, снимен е напад на автомобил!