
Македонскиот државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ во координирана акција на црногорската полиција, објави „Вијести“, повикувајќи се на полициски извори.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Деветнаесетгодишниот Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован. Полицијата го привела и Н. Марковиќ од Никшиќ, осомничен дека му помогнал да се крие.
Осомничен за напад во хотелски комплекс
Танасковски се барал поради сомнение дека на 7 август 2025 година се обидел да го убие Марко Љ., познат како Кан, во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва.
Црногорските медиуми го опишуваат Марко Љ. како високорангиран член на Шкаљарскиот клан.
Апсењето било извршено врз основа на меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица.
Полицијата го означи како член на криминална група
Полициската управа соопшти дека акцијата ја спровеле службеници од Регионалниот безбедносен центар „Запад“, со поддршка од Секторот за спречување криминал.
Во полициското соопштение Танасковски е наведен како член на организирана криминална група и осомничен за обид за убиство на припадник на спротивставена криминална структура.
Уапсен и осомничениот помагач
По наредба на обвинител од Основното државно обвинителство во Никшиќ, полицијата го уапсила и 34-годишниот Н. Марковиќ.
Тој е осомничен дека му обезбедил помош и услови на Танасковски со кои му овозможил да избегнува откривање и апсење.
Надлежните го товарат Марковиќ за кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело.


