
Времето денеска: Сончево и многу топло, температурите до 39 степени
Скопје1.мк
1–2 minutes
Скопје1.мк’s avatar
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
објавено пред 33 минути – 18 јули, 2026
Македонија
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а дневната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Температурата во главниот град ќе се движи од 20 степени во утринските часови до максимални 38 степени во текот на денот.


