во , ,

Малезиска манекенка добила 32 милиони евра „отштета“ од женетиот партнер затоа што ја оставил

46-годишниот милијардер има 3 деца со љубовницата и две со сопругата, но по години минати на релација помеѓу двете семејства, сега раскина со љубовницата и ѝ даде паричен надоместок.

Менди Лиу (35) е познат малезиски модел и една од најголемите ѕвезди во Азија. Таа покрај тоа што има работено за светски брендови од типот на Dior, е и ТВ презентерка и актерка.

Реклама

Родена е во Малезија, живееше во Хонгконг, а сега живее во Велика Британија и сега е во фокусот на медиумите откако си купи кралски имот од 30 милиони евра, откако нејзиниот дечко, тајкунот Алвин Чау ѝ исплатил отштета од 32 милиони евра затоа што раскинал со неа.

Женетиот милијардер по повеќе од 6 години ја прекина врската со неговата љубовница Менди, но одлучи дека финансиски сака да ѝ надомести за тоа.

Инаку, 46-годишиот милијардер со љубовницата Менди има 3 деца, а со својата сопруга има 2 деца.

Тој има бизнис со хотели и казина и со години функционирал на релација помеѓу двете жени, односно двете семејства што ги има, а медиумите пишувале за тоа.

На почетокот од аферата со Менди и по раѓањето на нивното прво дете во 2014 година, неговата сопруга поднела документи за развод, но набрзо се премислила. Но, по смирувањето, во текот на годините добил уште 2 деца со љубовницата Менди.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Невообичаени универзитетски курсеви кои всушност постојат

Сѐ ми е – „ПРЕ“. Сношти ПРЕјадов и ПРЕпив. Денес се ПРЕработив…