Марија Шерифовиќ повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, овој пат со неочекувана објава. Познатата пејачка на Инстаграм сподели фотографија со “свршенички” прстен, што веднаш предизвика бура од реакции. Фановите ја преплавија со честитки, прашања и коментари, но целата приказна има интересен пресврт.
– Луѓе, драги мои, што е ова? Еве добив прстенот, се свршив. Градот е хаос. Го почитував секој човек, се онесвестив од умор, па на крајот немав ни ќебапи – со насмевка кажа Марија во својата објава, објаснувајќи дека всушност сè е само шега.
На настан во Сараево, каде што пејачката организираше дружба со обожавателите, еден од фановите решил да ѝ подари “веренички” прстен. Иако ситуацијата била сосема на шега, веста за нејзината наводна свршувачка експлодираше на социјалните мрежи и веднаш стана вирална.
Марија, која секогаш знае како да ги забавува своите следбеници, не само што ги почести фановите со ќебапи, туку и им покажа дека има одлична смисла за хумор. Иако прстенот не е вистински знак на свршувачка, обожавателите не можеа да се смират, па целата ситуација стана еден од најкоментираните моменти на денот!
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








