во

Марта Кос со јасна порака: Уставните измени се услов за европскиот пат на Северна Македонија

Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, упати недвосмислена порака до македонските власти дека внесувањето на Бугарите во Уставот е неопходен услов за продолжување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Ветувањето кон ЕУ мора да се исполни

Во своето најново интервју за бугарската национална телевизија (БНТ), Кос нагласи дека уставните измени не се само билатерално прашање, туку обврска која веќе е договорена на највисоко европско ниво. „Владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ“, децидна е еврокомесарката.

Оптимизам за соработка со новата влада во Софија

Супер Попуст -25%

И покрај досегашните политички блокади, Кос изрази надеж дека процесот наскоро ќе се придвижи напред, потпирајќи се на добрата соработка со властите во Софија. Таа смета дека постои позитивен моментум за проширувањето кој Скопје треба да го искористи.

„Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Северна Македонија. Откако ќе се направи промената на уставот, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Северна Македонија“, заклучи Кос.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Путин со закана пред изборите: Никој нема да ја распарчи Русија ниту да нè заплаши

ВМРО-ДПМНЕ: За кубење коса четири години затвор, а за модуларната и Ласкарци правдата е невидлива