
Во 23-тата минута, Аргентинецот се најде лице в лице со голманот на домашниот тим. Меси шутираше во долниот десен агол, но голманот на Нешвил одлично реагираше и го одбрани ударот. Серхио Регулион прв стигна до одбиената топка и ја смести во мрежата, но голот беше поништен бидејќи Шпанецот предвреме влезе во шеснаесетникот пред да биде изведен ударот.
⛔️🇦🇷 LIONEL MESSI REMATÓ DOS VECES CONTRA LOS PALOS EN EL DESCUENTO. pic.twitter.com/vHU0dGiwBf https://t.co/Gta1Pogzng
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) August 16, 2026
Трето промашување по ред за Меси
Со ова промашување, Меси ја продолжи својата лоша серија од белата точка. Ова е негов трет последователен промашен пенал, откако претходно не успеа да реализира двапати на неодамнешното Светско првенство – против Австрија во групната фаза, а потоа и против Египет во осминафиналето.
За првпат по 2014 година, Лионел Меси бележи ваква црна низа од три нереализирани удари од белата точка по ред.
За Интер Мајами, ова беше трет последователен пораз во сите натпреварувања. Иако ова е прв неуспех во МЛС лигата по подолго време, претходните два порази тимот од Флорида ги доживеа во Лига купот, натпреварување во кое клубовите од МЛС играат против мексиканските претставници.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден







