во ,

Мислам дека сум многу паметен за да останам у основно, сакам дирекно у средно….

Мали Ѓокица ја прашува учителката дали може после часови да разговара со неа и она вика може. После часовите учителката прашува:

Шо е работата Ѓокица?

Реклама

Ѓокица: Мислам дека сум многу паметен за да останам у основно, сакам дирекно у средно.

За тоа го известуваат и директорот и му викаат на Ѓокица дека мора да прави и тест.

Директорот: Ајде Ѓокица да видиме, 3 х 4?

Ѓокица: 12.

Директорот: 6 х 6?

Ѓокица: 36.

Директорот: Главен град на Канада?

Ѓокица: Отава.

И така тестот продолжува у наредниот пола саат и Ѓокица дава точни одговори. Директорот е презадоволен и му честита на Ѓокица, но учителката прашува дали она може
да постави неколку прашања и двајцата се сложуваат со тоа.

Учителката: Ајде Ѓокица, кравата има 4, а јас 2, шо е тоа?

Ѓокица: Нозе учителке.

Учителката: Точно. Шо може да се најде у твоите панталони, а во моите не?

Директорот малку се збунува од прашањето.

Ѓокоца: Џебови учителке.

Учителката: Точно. Каде жената има нај кадрави влакна?

Директорот се спрема да интервенира, но Ѓокица вика:

У Африка учителке.

Учителката: Точно. Шо е меко, но во рацете на жена станува тврдо?

Директорот ги ококори очите.

Ѓокица: Лак за нокти.

Учителката: Шо мажите и жените имаат на сред нозе?

Ѓокица: Колена.

Учителката: А шо омажената жена има пошироко од неомажената?

Директорот неможе да верува на своите уши.

Ѓокица: Кревет.

Учителката: Кој дел на моето тело е највлажен?

Ѓокица: Вашиот јазик.

Учителката: Кој збор почнува на буквата “п”, а означува нешто шо може да биде и влажно и суво и мажите сакаат да го гледаат?

Ѓокица: Пат.

Директорот без здив, целиот испотен решава да го прекине тестот и вика:

Ма какво средно, дирекно на факултет. Дури и јас ќе одговорев погрешно на прашањата.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во одлична форма сте. Како успевате да имате одличен крвен притисок и да бидете во одлична форма, а имате 80 години?

Се прибира маж дома – ќутук пијан, одвај оди. Жена му брза да му помогне, но тој ниту се заблагодарува…