
По скандалот што се случи на концертот во Велес, кога Светлана Цеца Ражнатовиќ се наметна со бугарско знаме, пејачката конечно проговори и до детали објасни што точно се случило.
Иако по концертот се појавија лажни информации дека таа морала да го прекине настапот, сега исплива снимка од крајот на концертот која го докажува спротивното – Цеца пеела повеќе од два и пол часа, а публиката на крајот го скандирала нејзиното име.
„Бев тотално збунета, не знаев за што се работи“
Во изјава дадена веднаш по концертот, а која дури вчера беше пласирана во јавноста, Цеца ја објасни својата збунетост во моментот кога почнале свирежите.
„Мене фан ми го добаци бугарското знаме и јас, како и секаде во дијаспората, го земав. За мене е огромна чест кога некој ќе ми го додаде своето знаме. Јас ја наметнав таа застава, и одеднаш почнуваат свирежи. Не знам за што се работи, си мислам да не сум го свртела знамето наопаку. Гледам дека не е македонско, не сум полудела, ама ова досега никаде не се случило…“
Таа открива дека во тие моменти на збунетост, ѝ пришол Мики Секуловски.
„Приоѓа Мики и вика: ‘Знамето, знамето!’. Јас му велам: ‘Што е со знамето?’, а тој: ‘Тргнете го брзо знамето’. Тоа се секунди. Јас му велам: ‘Зошто, што се десило?’, а тој: ‘Бугарско е знамето’. Јас му велам: ‘Добро, и?’. Тој само вика: ‘Тргнете го знамето’. Јас го тргам и понатаму немам поим за што се работи, навистина не знаев дека толку не се сакаат“, изјави Цеца.
„Се извинувам ако некого несвесно повредив“
Цеца во изјавата потенцираше дека апсолутно немала намера никого да повреди, бидејќи не се занимава со политика.
„Јас ниту се занимавам со домашна политика, а камоли со соседска политика, кој кого го сака или не. Јас се трудам низ песната да ширам само љубов. Ако вечерва несвесно сум повредила нечии чувства, јас најискрено се извинувам“, рекла Цеца, која подоцна во текот на концертот држела македонско знаме, по што настанал „делириум“.
Порака до оние на социјалните мрежи
За реакциите на социјалните мрежи, Цеца порача: „Ние знаеме како си поминавме. Ништо и никој не може да застане меѓу мојата публика и мене“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден






