
Алкохолот останува во телото одреден временски период, и затоа опасноста во сообраќајот се зголемува.
Она што многумина не го знаат е дека по ноќ на пијанство, алкохолот останува во телото долго време и возачите сè уште не се подготвени да седнат зад воланот наутро. Во Велика Британија, на пример, помеѓу пет часот наутро и 11 часот наутро, дури една четвртина од возачите биле казнети за возење под дејство на алкохол.
Тоа колку брзо алкохолот ќе влијае врз вас зависи од полот, возраста, метаболизмот, телесната тежина, видот на алкохолот, што сте јаделе пред консумирање, како и од нивото на стрес.
Колку долго треба да чекате пред да возите?
Британската организација за безбедност на патиштата „Роуд Респект“ (Road Respect) ја анализираше потрошувачката на алкохол и способноста за возење и издаде препораки за тоа колку долго треба да чекате по пиењето, односно колку долго алкохолот останува во телото.
Чаша вино (13,5 проценти алкохол)
- Еден пијалок – 3,5 часа
- Два пијалоци – 7 часа
- Три пијалоци – 10,5 часа
- Четири пијалоци – 14 часа
- Пет пијалоци – 17,5 часа
Чаша жесток пијалок (40 проценти алкохол)
- Еден пијалок – 1,5 часа
- Две пијалоци – 3 часа
- Три пијалоци – 4,5 часа
- Четири пијалоци – 6 часа
- Пет пијалоци – 7,5 часа
Пиво, лагер (5 проценти алкохол)
- Еден пијалок – 2,5 часа
- Две пијалоци – 5 часа
- Три пијалоци – 7,5 часа
- Четири пијалоци – 10 часа
- Пет пијалоци – 12,5 часа
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







