
Организацијата „Мис Универзум“ се соочува со уште еден скандал откако 25-годишната Фатима Бош, Мис Универзум Мексико, беше јавно навредена од страна на еден од челниците на организацијата за време на настан во Тајланд.
За време на говорот, кој бил емитуван во живо, Нават Ицарагрисил, тајландски бизнисмен и потпретседател за Азија во организацијата, ја критикувал Бош за наводно неисполнување на обврските и ја нарекол „глупава“. Неколкуминутната вербална пресметка завршила со тоа што Ицарагрисил побарал обезбедувањето да ја отстрани убавицата од настанот.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден

Бунт на убавиците: Колешките ја напуштија салата во знак на поддршка
Грубиот однос не ја налути само Мис Мексико, туку и другите натпреварувачки. Во знак на солидарност, десетици модели станале и ја напуштиле салата заедно со Фатима Бош. Моментот кога убавиците си заминале брзо стана вирален, а многумина го нарекоа „најмоќниот чин во историјата на Мис Универзум“.
„Јас не сум кукла за шминкање“
Фатима Бош подоцна во интервју изјави: „Сакам да ѝ дадам до знаење на мојата земја, не се плашам да го искажам мојот глас… Ние сме во 21 век, а јас не сум кукла за шминкање, стилизирање и пресоблекување. Дојдов тука да бидам глас на сите жени.“
Претседателот на Мис Универзум бесен: „Ова е јавна агресија“
Организацијата објави видео во кое претседателот Раул Роча Канту остро ги критикува „злонамерните акти“ на Ицарагрисил. „Би сакал јасно да го искажам мојот голем гнев кон Нават за јавната агресија што ја изврши против Фатима Бош“, рече Канту, истакнувајќи дека тој ја „понижил, навредил и покажал недостаток на почит“, обидувајќи се да „заплаши беспомошна жена“.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден







