во ,

Мистериозното село на планина и натаму ги воодушевува сите: Таму нема сообраќај, а еве од што живеат луѓето

Во Индонезија на врв на планина се наоѓа селото Вае Ребо, кое на туристите им го одзема здивот.

Вае Ребо се наоѓа на околу 1.100 метри надморска висина на планината Рато, во близина на југозападниот брег на островот Флорес.

Местото нема директна сообраќајна врска. Стоката до селото се носи исклучиво пешки по планински патеки, од кои повеќето водат преку тропски прашуми.

Реклама

Главниот пат води од приморското село Денге, на почетокот како асфалтиран пат, приближно 5 километри до подножјето на планинските патеки. Од таму е оддалечено околу 10 километри, во главно по стрмна патека до селото која се наоѓа во високата долина на планината Рато.

Местото има приближно 200 жители и речиси сите се католички христијани. Според државното министерство за туризам, Вае Ребо е основано од маж со име Емпу Маро пред околу 100 години.

Денешните жители се 18-та генерација од неговите потомци. Живеат во главно од земјоделство, одгледување на зрна кафе и цимет.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Видови на луѓе кои можат да ви го направат животот среќен

“Смешно е што се обидуваш да изгледаш како тинејџерка” – оваа млада мајка е критикувана поради односот со својата ќерка