Проблемот со аерозагадувањето во Македонија е акутен и децении стар, а решението не може да се најде преку ноќ. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето.
Тој призна дека во изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во борбата за почист воздух. Истото важи и за уредувањето на животната средина воопшто. Но, Владата сега презема драстични мерки за да се справи со овој комплексен предизвик.
Наследство од децении: Отпад, вода и диви депонии
Мицкоски се согласи дека воздухот е клучен проблем за квалитетот на животот, но и за животната средина. „Како Влада можам да се согласам дека во изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух“, рече тој.
Премиерот посочи и на други акутни проблеми, како што е организираното одлагање на отпад. Исто така, го спомена прочистувањето на отпадните води и обезбедувањето на питка вода за населението. Ретко каде имаме обезбедена вода за пиење, особено во руралните населени места, а речиси никаде немаме организиран систем за одведување на отпадните води, а камоли за нивен третман. „Така што тоа претставува исто така акутен проблем кога станува збор за обезбедување на поквалитетна животна средина“, додаде тој.
Драстични мерки и финансирање на општините
Премиерот нагласи дека Владата презема драстични мерки во оваа насока. Посебно го истакна проектот за финансирање и реалокација на средства од централниот буџет кон општините. Ова е наменето за финансирање проекти кои значат обезбедување поздрава животна средина. „Меѓу кои и обезбедување на вода за пиење преку водоснабдителни системи, посебно од руралните населени места“, објасни тој.
Мицкоски потенцираше и дека организираните системи за одлагање на смет се многу важни, бидејќи во државата постојат стотици или илјадници диви депонии. „За жал на несовесен начин се одлага сметот, наместо да имаме еден организиран или неколку организирани системи кои што ќе ги користиме за да го одлагаме тој смет“, заклучи Мицкоски.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден