во ,

Мицкоски пресече: ВМРО-ДПМНЕ ги згази на локалните избори но нови предвремени парламентарни нема да има

Премиерот Христијан Мицкоски дефинитивно пресече и им приреди ладен туш на политичките ривали, порачувајќи дека предвремени избори нема да има.

Иако владејачката партија неодамна оствари апсолутен триумф на локалните избори, премиерот останува фокусиран на сосема друга цел. Тој децидно порача дека државата нема време за ново политичко исцрпување. Граѓаните и меѓународната заедница бараат исклучиво конкретни резултати и економски напредок.

Реформи наместо политички игри

Супер Попуст -25%

Според Мицкоски, теснопартиските интереси сега се ставени во втор план. Тој потенцираше дека одговорноста кон граѓаните е поважна од сигурната победа.

„Политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори. Но, ВМРО-ДПМНЕ мора да се однесува одговорно кон граѓаните. Нашиот фокус е испорака и реформи за подобар стандард“, истакна премиерот.

Владата очигледно планира да го истурка целиот мандат со полна пареа, ставајќи крај на сите шпекулации за ново гласање.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брутален напад на Филипче: Мицкоски го тероризира народот за да може неказнето да краде на тендери

Мицкоски открива детали за шверцот на марихуана: Вклучена фирма на поранешен претседател на СДСМ од Ново Село