во ,

Мицкоски открива детали за шверцот на марихуана: Вклучена фирма на поранешен претседател на СДСМ од Ново Село

Премиерот Христијан Мицкоски фрли политичка бомба откривајќи дека зад мега-шверцот на речиси девет тони марихуана кон Србија, стои фирма во сопственост на син на поранешен висок функционер на СДСМ од Ново Село.

Додека опозицијата бараше одговори како е возможно толкаво количество дрога непречено да ја мине македонската граница, Мицкоски одговори со директно посочување на виновниците. Тој нагласи дека во овој скандал се вмешани функционери од претходната Влада, оставајќи му на МВР да ги открие сите шокантни детали за да не се наруши истрагата.

Филмска акција: Како се пакуваа 8.832 килограми дрога

Супер Попуст -25%

Во меѓувреме, Јавното обвинителство отвори истрага против шест лица и откри детали кои наликуваат на сценарио од криминалистички филм. Акцијата била координирана со српските власти. Според обвинителите, главниот мозок на операцијата од Скопје, заедно со српски ортак, набавил огромен товар сув цвет од канабис од фирма во Струмица.

Дрогата со недели се пакувала во над 200 кутии, по што вработените биле пуштени на „колективен одмор“. Претоварот на милионскиот товар се одвивал во строга тајност, во атарите на Свети Николе и селото Сарамзалино, каде марихуаната била скриена меѓу легална царинета стока.

Преку Табановце директно во рацете на српската мафија

Откако камионите биле натоварени, криминалната група тргнала кон границата. На 13 јануари 2026 година, возилата непречено го поминале граничниот премин Табановце. Дрогата била истоварена среде ноќ во магацин во српскиот град Крушевац, локација претходно обезбедена од српскиот дел од нарко-мрежата. За клучните играчи во овој меѓународен шверц веќе е побаран притвор од 30 дена.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски пресече: ВМРО-ДПМНЕ ги згази на локалните избори но нови предвремени парламентарни нема да има

Спречена огромна трагедија во Кочани: Плинска боца се запали среде трговски центар