во ,

Мицкоски со нова, интересна теорија: Решението за зголемување на наталитетот не е во парите, туку во „срцето и главата“

„Се извинувам ако некој погрешно ме разбрал, нема да има никакви даноци.“

Вака премиерот Христијан Мицкоски го дообјасни своето претходно јавно појавување. Тогаш тој кажа дека Владата размислува за воведување на даноци за немажени и неженети лица. Тој рече дека неговата цел била само да испровоцира јавна дебата.

Решението не е во парите, туку во „срцето и главата“

„Ајде сите заедно да работиме, да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полнат училиштата, за побогата Македонија,“ рече Мицкоски. Сепак, тој не се согласува дека младите и создавањето на семејства треба да се стимулира со финансиска помош.

Реклама

„Тивко исчезнуваме, а тоа тивко поминува. Јас не се помирувам со тоа,“ додаде тој. „Се радувам на јавната дебата, но ми велат дека треба со финансиска поддршка да се излезе. Не е тоа решението.“

Тој го наведе и примерот со Јужна Кореја. „Таа е една од најбогатите економии, а потрошила 270 милијарди долари во последниве 15 години. И тоа, за да стигне до стапка две мајки да раѓаат едно дете. Значи, не е до финансиите, до срцето и до главата е. До умот,“ рече тој.

Нова идеја: Промена на поимот за семејство во читанките

Наместо данок, премиерот сега предложи нешто друго. Тој додаде дека во училишните читанки треба да се смени поимот за семејство. „Не треба да биде јас, мама и тато, туку треба да биде јас, мама, тато, бато и дада,“ додаде Мицкоски.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тадиќ: Режимот на Вучиќ се распаѓа, бега од избори бидејќи знае што го чека

Најголеми поплаки за цените на роамингот, а најголеми пофалби за брзината на мобилниот интернет