во ,

Мицкоски со одлични вести за противпожарната заштита: Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари!

„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки.“

„Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиските возила ‘БТР 80’, ‘Хермелини’ и ‘Пинцгауери’.“ Ова го рече премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија.

Пренамената на возилата не ја чинеше државата ништо

Тој објасни дека на сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото. На проектот работеле инженери за да не дојде до превртување. „Кога зборувавме со луѓето од Армијата, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила би можеле да изгаснат пожар,“ рече тој.

Реклама

Премиерот потенцираше дека оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинело државата ништо. Според него, таа била направена од општествено одговорни компании. Со тоа, како што вели, заштедени се неколку десетици милиони евра од буџетот.

Оглас за 400 нови пожарникари и подготвени авиони

„Од друга страна, отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари,“ најави премиерот. „Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени, да влезат во овој процес.“

Тој даде и преглед на состојбата со авионите за гаснење пожар. Еден авион Ер-трактор е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот ќе биде спремен до крајот на јули. „Ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари, да ги совладаме,“ истакна Мицкоски.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ го цензурира Ѓоковиќ? Српските телевизии го „исекоа“ неговиот повик „Пумпај!“

Мицкоски со порака: Пругата ни е потребна веднаш за да не останеме изолирани од светот