
Сателитските снимки го уловија мигот кога моќниот ураган Милтон удри врз брегот на Флорида.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Според најновите податоци од американскиот Национален центар за урагани, силата на ветровите на Милтон постепено слабее. Сега ураганот е од втора категорија, а брзината на ветерот достигнува 177 километри на час.
Hurricane Milton makes landfall near Siesta Key, Florida as a Category 3 storm. pic.twitter.com/gXIRkCy6st
— CIRA (@CIRA_CSU) October 10, 2024
Голем дел од Флорида остана без струја, а по претходното предупредување за евакуација, на населението сега им е советувано да не ги напуштаат своите домови.
Исто така, властите предупредуваат дека ако одеднаш се почувствува тишина, тоа би можело да значи дека се наоѓаат во окото на ураганот и никако не треба да излегуваат надвор.
Според последните податоци, издадени се повеќе од 120 предупредувања за торнада низ Флорида. Снимките од разорните суперклеточни структури се навистина застрашувачки.


