во ,

МОЌНИ ВИЛИЦИ И ОСТРИ ОЧНИЦИ: Гладни бабуни парализираа цело село, снимките се застрашувачки!

Големо крдо диви бабуни нападна село во Јемен и предизвика општа паника! Застрашувачките снимки од инвазијата станаа вирални на социјалните мрежи. Исплашените жители очајно бараат помош од властите за да се спасат од оваа несекојдневна закана.

Бабуните се дел од природниот биодиверзитет на Јемен. Тие традиционално живеат во планините и долините. До неодамна немаше поголеми судири помеѓу нив и локалното население. Сепак, последниве години сè почесто упаѓаат во населени и земјоделски области.

Гладот ги симна од планините

Супер Попуст -25%

Жителите сметаат дека главната причина е недостигот на храна во нивните природни живеалишта. Намалениот број на природни предатори дополнително ја зголеми нивната популација. Земјоделците се во тешка паника и секојдневно стравуваат за своите посеви со овошје и житарки.

„Фармерите се принудени да користат ноќни патроли, стапици, па дури и отров. Но, поради брзото размножување на бабуните, контролата станува речиси невозможна мисија!“

Моќни вилици и остри очници

Овие животни имаат долги муцки кои наликуваат на кучешките. Се одликуваат со тешки, исклучително моќни вилици и остри очници кои влеваат страв. Живеат во огромни крда и се хранат со овошје, семки и глодари, а понекогаш напаѓаат и младенчиња од други животни.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТАЈНАТА НА НИКОЛА ТЕСЛА: Оваа бесплатна навика му ги сочувала умот и телото млади!

КОЈ Е КРИВ ЗА ПЕКОЛОТ ВО „ПУЛС“? Судењето за смртта на 63 лица продолжува со клучни докази!