во ,

Мујо и Хасо тргнале на скијање. Се возеле неколку часа со автомобилот и ги фатило големо невреме…

Мујо и Хасо тргнале на скијање. Се возеле неколку часа со автомобилот и ги фатило големо невреме.

Се засолниле на некоја фарма и замолиле една згодна госпоѓа да преспијат кај неа…

Реклама

Госпоѓата рекла: Знам дека надвор времето е многу лошо, но јас неодамна останав вдовица и луѓето би можеле се да си помислат…

Мујо рекол: Нема проблем госпоѓо, ние ќе преспиеме во шталата. Нема за што да се грижите, веднаш штом ќе се подобри времето си заминуваме.

Госпоѓата се согласила, и така Мујо и Хасо преспале, а потоа продолжиле со своето патување. Остатокот од викендот го поминале уживајќи во планината, снегот и скијањето…

По 9 месеци, Мујо добил писмо од адвокат, му требало некое време да сфати, но подоцна видел дека тоа е писмо од адвокатот на госпоѓата која ги примила на фармата.

Оди Мујо кај Хасо и го прашува: Хасо, абе онаа ноќ… кога бевме на фармата, да не стана можеби во ноќта и да не ја посети згодната госпоѓа?

Хасо засрамено одговорил потврдно, не верувајќи дека Мујо, после толку време, го открил.

Мујо продолжил: А случајно да не се претстави со моето име?

Хасо уште позасрамен, веќе побледен: Да, од каде дозна? Зашто прашуваш?

Госпоѓата неодамна умрела и ми препишала се што има – одговорил Мујо.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пребрзо? Нема везе чоек, не шибав поише од 80.

Јапонецот прашува: Што ќе правиме сега?