
Група научници од Државниот универзитет Кампинас (Бразил) развија иновативен производ од мед и лушпи од какао зрна, кој може да се јаде или да се додава во козметика.
Истражувачите користеле мед од домашни пчели како „јадлив растворувач“ за да извлечат стимуланси како теобромин и кофеин (кои се поврзуваат со здравјето на срцето) од лушпите на какаото. Овие лушпи обично се фрлаат како отпад при производството на чоколадо, но сега добиваат нова, вредна намена.
Вкус на чоколадо и моќни антиоксиданси
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Процесот на екстракција, потпомогнат од ултразвук, го збогатил медот со фенолни соединенија кои имаат антиоксидантни и противвоспалителни својства. Истражувачите кои го пробале велат дека, во зависност од соодносот, производот има јак вкус на чоколадо.
„Секако, најпривлечен е вкусот, но нашите анализи покажаа дека овој мед има низа биоактивни соединенија кои го прават прилично интересен и од нутритивна и од козметичка гледна точка“, изјави Фелипе Санчез Брагањоло, првиот автор на студијата.


