во ,

Научниците го снимија „зоби-црвот“ што јаде коски без уста во длабочините

Тим океанографи откри десетици нови видови морски организми на дното на Јужниот Океан, во еден од најнепристапните делови на планетата, соопшти Фондацијата „Nipon-Nekton Ocean Census“.

Истражувањето било спроведено претходно оваа година за време на експедиција на бродот за научни истражувања на Институтот „Шмит Океан“.

Викенд Намаление

Собрани 2.000 примероци

Научниците собрале речиси 2.000 примероци од 14 различни групи животни и го потврдиле постоењето на 30 досега непознати видови. Меѓу откритијата се наоѓа и сунѓер-месојад, вид наречен *Chondrocladia sp. nov*, познат и како „топката на смртта“. Ова сферично животно е покриено со ситни кукички со кои го фаќа пленот, што го прави исклучок меѓу сунѓерите кои главно се хранат со филтрирање на водата.

За време на експедицијата биле откриени и оклопни, светлечки црвовидни организми, како и три нови видови морски ѕвезди и досега непознати ракчиња.

Морничавиот „зомби-црв“

Научниците исто така го забележале и таканаречениот „зомби-црв“, кој нема уста ниту црева, туку се храни со помош на бактерии кои ги разложуваат мастите од коските на големите морски цицачи кои завршиле на дното.

Според извршната директорка на Институтот „Шмит Океан“, Џјотика Вирмани, напредната технологија, како прецизното мапирање на морското дно и снимките во висока резолуција, им овозможила на истражувачите да соберат податоци од области кои луѓето никогаш претходно не ги виделе.

Повеќе од само откритие – океанот е сè уште непознат

„Заедничката цел… да го забрзаме откривањето на нови видови, доведе до првото потврдено набљудување на млада колосална лигња и други нови организми“, истакнала Вирмани.

Шефицата на научниот тим, Мишел Тејлор, навела дека Јужниот Океан е сè уште многу слабо истражен. „Досега анализиравме помалку од 30 отсто од собраните примероци, па веќе потврдените 30 нови видови покажуваат колку богатството на биодиверзитетот е сè уште непознато“, заклучила Тејлор.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе од само бура: „Мелиса“ е најсилниот хорор на Карибите во последните 90 години

Повеќе од само проја, тајната на празот ја прави најсочната посна погача