во ,

Најбизарната кражба во Шпанија: уапсена банда што крадела само столици

Шпанската полиција уапси седум лица осомничени дека за два месеци украле повеќе од 1.110 столици од ресторани и барови во Мадрид и во блискиот град Талавера де ла Реина.

Како што соопшти Националната полиција на Шпанија, криминалната група составена од шест мажи и една жена дејствувала ноќе, крадејќи ги столиците кои биле наредени на отворените тераси на угостителските објекти додека тие биле затворени, пренесува „Еуроњуз“.

За сите храбри борци

Во текот на август и септември, мета биле најмалку 18 локали, а вкупната вредност на украдените столици се проценува на околу 60.000 евра.

Повеќе од само столици – организиран бизнис

Осомничените се товарат за кражба и за членство во криминална организација. Според наводите на полицијата, тие не биле само ситни крадци, туку имале и разработен план за продажба. Украдените столици ги продавале не само во Шпанија, туку и во Мароко и Романија.

Истрагата била покрената откако сопствениците на повеќе ресторани пријавиле дека наутро затекнувале помал број столици отколку што оставиле претходната вечер. Овој несекојдневен плен можеби изгледа чудно, но очигледно претставувал брз и лесен профит за бандата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога претседателката ќе ти дојде на „свежо“: хеликоптер заглавен во влажен бетон

Рецепт-молња: лиснато тесто и ванила за десерт од соништата