во , , ,

НАЈБИЗАРНА ИСХРАНА: Јаде живо месо и јајца, започнало како ескперимент, па му станало начин на живот

Еден Американец дошол до навидум луда идеја да тестира колку долго може да преживее со сурово месо, јајца и млеко.

Овој експеримент редовно го документира на Инстаграм, а за тоа доби многу пофалби од љубопитните фанови.

Тој се снима секој ден како џвака разновидна сирова храна, вклучувајќи стекови, риба, па дури и пилешки гради. Сето тоа го комбинира со живи јајца и млеко.

Реклама

Зачудувачки е што успеал да издржи речиси 80 дена без видливи проблеми, особено ако се земе предвид колку е опасно да се јаде сирово пилешко.

Неговиот профил на Инстаграм е соодветно наречен „rawmeatexperiment“ и привлече повеќе од 53.000 следбеници, кои едвај чекаат да видат кое следно парче месо ќе го стават во уста.

Звучи неверојатно, но она што започнало како шега сега му станало „здрав“ начин на живот и тој дури почнал да ги фали „доблестите“ на сировата храна пред збунетите обожаватели.

Така, под фотографијата на која ја проголтува парче мелено месо, објаснил дека е „технички поздрава“ отколку да е сварено.

– Говедското месо стана мое омилено јадење поради неговата ниска цена. Лесно можам да изедам половина килограм за околу четири минути – вели тој и додава дека лесно ги вари тие 800 калории.

Освен здравствените „придобивки“, се чини дека постои многу јасен медицински консензус дека не треба редовно да се јаде сурово месо.

Експертите наведуваат дека има голем број проблеми со кои најверојатно ќе се соочат луѓето кои се хранат на овој начин, меѓу кои и труење со храна.

Некои од најчестите патогени кои се наоѓаат во живото месо се салмонела, ешерихија коли и листерија, а најчести симптоми на болеста се гадење, повраќање, дијареа, грчеви во стомакот, треска и главоболка.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Па, драги по овој период мислам дека е време да ме претставиш на твоето семејство!

16 Докази дека Лондон е полн со необични глетки