Понекогаш за совршен десерт е потребно многу малку – неколку едноставни состојки и добар рецепт кој секогаш успева.
Токму таков е ролатот со банани, сладок класик кој спојува кремаста текстура, блага овошна свежина и неодолив мирис на домашен колач.
Зошто овој рецепт е хит?
Ролатот со банани е спој на лесна подготовка и раскошен вкус кој освојува на првиот залак. Комбинацијата на бисквитната кора, слаткиот фил и зрелите банани го прави еден од оние колачи кои никогаш не излегуваат од мода. Најдобро од сè е што не се пече, што го прави идеален за оние кои немаат многу време или не се вешти во кујната. Без разлика дали го правите првпат или го паметите од детството, овој рецепт гарантира десерт кој се подготвува лесно, а изгледа ефектно – совршен избор за секоја прилика.
Ролат со банани (без печење)
Потребни состојки:
- 300 гр мелени посни бисквити
- 250 гр маргарин (или путер), омекнат на собна температура
- 250 гр шеќер во прав
- 4 јаболка (со средна големина)
- 4 банани
Подготовка:
- Излупете ги јаболката, исечете ги на кришки и сварете ги во малку вода додека целосно не омекнат.
- Исцедете ги убаво од вишокот течност и веднаш испасирајте ги со виљушка или преса за компири (треба да добиете пире).
- Во длабок сад, изматете го омекнатиот маргарин со шеќерот во прав додека не добиете пенеста смеса.
- Во садот со маргаринот, додадете го изладеното пире од јаболка и убаво соединете.
- На крај, додадете ги мелените бисквити и сè заедно измешајте со рака додека не добиете компактна смеса што може да се обликува.
- На работната површина, раширете поголемо парче проѕирна фолија (или целофан). Врз неа истурете ја смесата и со раце или со сукало обликувајте правоаголна кора.
- Излупете ги бананите и наредете ги по должина, една до друга, на почетокот на кората.
- Со помош на фолијата, внимателно завиткајте ја кората во ролат, цврсто стегајќи ги бананите во средината.
- Завитканиот ролат ставете го во фрижидер да се стегне добро, најмалку неколку часа, а најдобро преку ноќ.
Пред сервирање, ролатот можете да го декорирате со чоколадна глазура, шлаг или кокос.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден