
Во модерното време, еден од најголемите духовни проблеми е губењето на чувството за грев. Иако гревот е дел од човечката природа, проблемот не лежи толку во самото грешење, туку во тоа што луѓето сè почесто ги прават гревовите без никаква вина или срам.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Гревот, како појава што ја нарушува природната хармонија, станува „нормализиран“ во нашите животи преку честото повторување и навикнување, па дури и преку негово озаконување во секојдневниот живот. Најстрашното е кога грешиме без да го осознаеме тоа како грев – кога дејствуваме без срам, без покајание, и кога тоа го сметаме за нормално или природно.
И покрај тоа, човекот кој признава грешка и чувствува слабост покажува знак на духовна будност и можност за покајание. Но, кога се прави грев без грижа на совест, тој станува сигнал за морално распаѓање.


