во ,

Најплатените јутјубери за 2019 година

Магазинот Forbes објави листа на десетте најплатени јутјубери во 2019 година, а втора година по ред на врвот на листата е осумгодишниот Рајан од Ryan ToysReview, кој заработи 26 милиони долари.

Минатата година момчето заработи 22 милиони долари. Неговиот YouTube канал стана активен пред 5 години, кога на 3-годишна возраст почна да одмотува подароци и играчки кои самиот си ги купил. Сето тоа прерасна во мини научни експерименти кои ги снима со камера, а потоа потпиша договор со Nickelodeon и Hulu.

На второто место е каналот Dude Perfect, кој годинава заработи 20 милиони долари. Видеата за овој канал ги снимат неколку пријатели, а во нив играат различни спортови, трикови и рушат Гинисови рекорди.

Петгодишната Анастасија Раџинскаја е на третото место со 18 милиони долари заработка и неколку договори со различни компании.

Зад неа е каналот Good Mythical Morning со заработка од 17,5 милиони долари.

Каналот за совети за шминкање што го води Џефри Стар годинава заработи 17 милиони долари и се пласираше на петтото место на листата на Forbes.

Зад него е Престон Арсемент со три милиони долари помала заработка и канал на кој прикажува играње на различни игри.

PewDiePie некогаш беше најплатен јутјубер, но годинава се најде на седмото место, со заработка од 13 милиони долари. Голема веројатност е идната година воопшто да не се најде на листата бидејќи најави дека привремено ќе одмора од YouTube.

Markiplier го дели со него седмото место, со иста заработка.

На деветтото и десеттото место се DanTDM со 12 милиони долари и VanossGaming со 11,5 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уметност или вандализам? Погледнете што направил овој уметник со сообраќајните знаци

15 Кул идеи за уникатна новогодишна елка