во ,

Најчесто користени фрази, коа чале ќе се погоди на совозачкото место до тебе…

Најчесто користени фрази, коа чале ќе се погоди на совозачкото место до тебе :

– Абре опули се заспан еден, сите дупки по пато ги собра! Мајче му плачи на јабучиците!

– Шо шибаш толку море багабонт еден?! Намали! Го исцица цел резервоар!

Реклама

– Шалтовај во трета море! Глув си, не ја слушаш колата се мачи… помалку барат!

– Кај претицваш сеа?! Кај трчаш? Немаш прегледност! Не туку ми се пиштоли!

– Жмигавец! Абре жмигааавец дај! Кај леташ така на ќоро?!

– Доста со тие цигарите в кола, не отру, не запусти! Сеа ќе ти го отворам џамов, нека те шиба, нека ти студи!

– Абре опули се во ретровизорот дали имаш кола зад тебе! Кај тераш?! Не се за украс клаени!

– Не туку ми кочи овде, осојнца е, можи да е подмрзнато, ќе те зализгат!

– Намали го то радиото, глава ми ја пукна со овие песништава твој! Врска немаш од музика… и овие ми ти биле некој песни!

– Пази онде ко ќе паркираш, да не ти фати одоздола!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Домашната помошничка побарала зголемување на платата…

Ало брат, кажи ми колку степени е кај вас?