НАСА пронајде повеќе милијарди години стар „корал“ на Марс
Роверот „Кјуриосити“ на НАСА испрати интригантни слики од Марс. На нив се гледа објект кој изгледа како парче корал. Чудната карпа, пронајдена во кратерот Гејл, е стара милијарди години. Според научниците, оваа формација е создадена од вода и ветер во далечното минато на Црвената планета.
Црно-белата фотографија, направена на 24 јули, прикажува карпа со големина од околу 2.5 сантиметри. Таа има сложени гранки, кои наликуваат на оние на коралите од Земјата. Научниците од НАСА објаснуваат дека ваквите карпи се формирани од древна вода, која некогаш ја имало на Марс. Водата, полна со растворени минерали, се пробивала низ пукнатини во карпите. Со текот на времето, се таложеле минерали и се формирале цврсти „вени“ во карпите.
Потоа, милиони години ерозија од ветрови полни со песок ги истрошиле меките делови на карпата. Ова ги оставило видливи цврстите „вени“, кои денес изгледаат како гранки од корал.
„Кјуриосити“ продолжува да истражува
Ова не е првпат „Кјуриосити“ да пронајде необични карпи. Претходно, роверот фотографирал и објект наречен „Папосо“, како и мала карпа во форма на цвет.
Роверот слета на Марс во 2012 година во кратерот Гејл. Неговата мисија е да бара знаци дека на Марс некогаш имало услови за живот. Досега, „Кјуриосити“ поминал околу 35 километри. Неговите истражувања открија многу докази за потенцијален живот. Меѓу нив се долги јаглеродни ланци стари 3.7 милијарди години и знаци дека Марс некогаш имал јаглероден циклус.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден