
„Ретко го мијам лицето“: Камерон Дијаз со шокантна изјава за убавината
Камерон Дијаз уште еднаш докажа зошто е омилената холивудска ѕвезда, со освежувачки искрен разговор за стареењето и токсичните стандарди за убавина. Во нов разговор во подкаст со Мишел Висаж, актерката признала дека и таа била „жртва на сите општествени приговори и експлоатации на кои се изложени жените“.
Повеќе од само изглед – „Холивуд е токсичен“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Таа го опиша својот поранешен живот, каде што поминувала часови пред огледало „распарчувајќи се себеси“, како „токсичен“. „Зошто седам овде и сум толку злобна кон себеси? Моето тело е силно; моето тело е способно, зошто да го омаловажувам кога ме донесе до овде?“, изјави таа.
Откако се повлече од центарот на вниманието, таа рече дека „последното нешто на кое мисли во текот на денот е како изгледа“. Таа дури призна дека ретко го мие лицето: „Буквално не правам ништо. Имам милијарди производи што ги користам двапати месечно ако имам среќа“.
„Едвај чекам да наполнам 50“
Додека се подготвува да наполни 50 години, таа вели дека едвај чека бидејќи „едноставно знаеш повеќе“. Наместо на изгледот, Дијаз сака да ја канализира својата енергија за да се чувствува силна и витална за својата ќерка. „Сакам да бидам мајката што трча наоколу. Сакам мојата енергија да остане витална“.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден








