во ,

Некогаш бил ќелав, а сега дури и жените му завидуваат за прекрасната бујна коса

Додека Инстаграм е преплавен со инфлуенсерките кои дела разни бјути трикови, светот полуде по Индиецот со бујна коса на која многумина му завидуваат. 26 годишниот Пранав Наир пред четири години бил ќелав, а отоа ја откри својата страст кон долгата коса.

Откако ја пуштил косата започнал да привлекува големо внимание, а денес кога косата му е подолга од било кога неговото сандаче за пораки е преполно со прашање за тоа како ја негува косата.

Пранав открива дека единствената тајна е во комбинацијата на шампонот и регенераторот, а на многумина им звучи нереално.

Реклама

“Не користам ниту еден друг производ освен шампон и регенератор. Треба да се четка секој ден за да не се мрси и ако е сува да се нанесува масло еднаш или двапати неделно. Трпението е клуч на успехот. Верувајте во процесот”.

Овој студент по маркетинг признава дека ова е првпат да има толку долга коса.

“Не го правам ова за да ми се восхитуваат или да бидам поразличен, едноставно ја обожавам косата. Уживам да ја негувам”, рекол тој.

“Во Индија не е вообичаено да погледнете маж со долга коса, па често ми се смеат и ми велат дека сум женско. Некои дури ме прашуваат дали можам да си овозможам шишање”.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kој те вработи, че те кажам на газдата, има да леташ од туа ѓоа куфер…

31 Симпатични фотографии со минијатурни животни кои ќе ви го разубават денот