во ,

Никол Кидман го „запали“ Холивуд во фустан со шлиц, ова беше јасна порака за Кит Урбан

Целиот Холивуд се воодушеви во неделата кога неповторливата Никол Кидман (58) ја отвори ревијата Vogue World: Hollywood, а нејзиниот настап на пистата веднаш стана централна тема.

Актерката не само што прошета, туку и одржа перформанс, кој сите ги остави без здив. Таа блескаше во црн сатенски фустан на „Шанел“, во стилот на Рита Хејворт, давајќи му до знаење на својот поранешен сопруг Кит Урбан (58) што пропушта. Настанот, одржан во студиото „Парамаунт“ во Лос Анџелес, се претвори во сцена за вистинска трансформација на ѕвездата, која по 19 години брак со кантри-пејачот, самоуверено започна ново поглавје.

Викенд Намаление

Гламур инспириран од златната доба на Холивуд

Кидман носеше уникатна црна сатенска креација без ракави, украсена со деликатни црни камелии, која беше јасна референца за легендарниот стил на Рита Хејворт во филмот „Гилда“ од 1946 година. Нејзината појава беше омаж на славното минато на Холивуд, што беше и централна тема на настанот.

По драматичниот црно-бел вовед во режија на Баз Лурман, нејзиниот соработник од „Мулен Руж“, Никол Кидман храбро зачекори на пистата. Притоа, таа танцуваше на песната „Put the Blame on Mame“, која Рита Хејворт ја изведуваше во „Гилда“, со што направи перформанс полн со гламур. Актерката ја усогласи и фризурата со иконската Рита Хејворт, а комплетната слика ја заокружи со дијамантски ѓердан, зачадени очи и впечатлив црвен кармин.

Порака до поранешниот сопруг

Никол Кидман со оваа појава гласно порача дека нејзината ѕвезда е најсјајна досега. Блескајќи на ревијата во Лос Анџелес, таа не само што го отвори престижниот моден настан, туку и јасно му покажа на Кит Урбан што губи по нивниот неодамнешен развод.

Vogue World е глобален спектакл кој комбинира мода и перформанс за хуманитарни цели, а овогодинешниот настан во Лос Анџелес беше посветен на врската меѓу филмот и модата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Враќање на заборавената нијанса, минт-зелената ги „запали“ социјалните мрежи

Скриената цена на „дипфејк“ видеата не е во долари, туку во вода