во ,

Новинар во живо известувал за снегот, а потоа го снашла ситуација која ги насмеа сите до солзи

На репортер на телевизиска станица во американската држава Северна Каролина му се случила една урнебесна ситуација во текот на вклучувањето на програмата во живо.

Имено, додека Џастин Хинтон известувал за снежните врнежи, односно за ситуацијата на патиштата, по грешка на мобилниот телефон преку кој јавувал од лице место, вклучил Фејсбук филтери за лице, пренесува “Mirror”.

Како последица на тоа, додека зборувал за снежните наноси на локалните патишта како и за тоа какво време ги очекува жителите на тој регион, се случувале промени на неговото лице. Хинтон во еден момент изгледал како волшебникот Мерлин, добил “фантомски” виолетови бркови, тегови за вежбање па дури и кацига која наликува на оние од научнофантастичните филмови.

“Фотографот со кој работев ми кажа нешто во врска со екранот и чудните лица. Не ми појасни за што станува збор и помислив дека тие ‘грешки’ ќе исчезнат сами по себе. Секако, не исчезнаа. Не ни сфатив за што станува збор сè додека не се тргнав од камерата и забележав коментари на луѓе кои зборуваа за моето лице. Моите надредени, колеги, пријатели и семејство ме контактираа за да ми кажат колку смешно изгледала целата ситуација”, изјавил репортерот, инаку новинар во телевизијата “WLOS ABC 13”.

“Ако не можете да се насмеете на сопствена сметка, која е поентата на смеата? Се надевам дека уживавте во снежниот ден и не заборавајте да се смеете”, додал тој.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Најлоши корици на книги видени некогаш во историјата на литературата

“Му оставив играчка за да не ме заборави”: Она што го направило детето за да го заштити своето куче од насилниот татко го расплака светот