
Драма при полетувањето од Молдавија
Украинскиот лидер синоќа пристигна во Осло за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд, но неговото патување било проследено со огромна опасност. Норвешкиот премиер, кој утрово го прими Зеленски во својата канцеларија, изјави дека ситуацијата е исклучително драматична и остава длабок впечаток, посочувајќи на секојдневните безбедносни ризици.
„Неговиот авион речиси беше погоден од дрон при полетувањето од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, изјави Сторе, илустрирајќи го високото ниво на закана под кое работи претседателот на Украина.
Бесона ноќ и итни средби во Осло
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Инцидентот во воздухот не бил единствениот извор на стрес за Зеленски. Според Сторе, украинскиот претседател имал исклучително тешка ноќ. Во изјава за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК, Сторе откри: „Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не било добро, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“.
И покрај исцрпувачкото и опасно патување, државничките обврски продолжиле веднаш по слетувањето. Уште при самото пристигнување во Осло во вторник вечерта, Зеленски веднаш остварил средби со највисокиот државен врв – премиерот Сторе, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде, разговарајќи за континуираната поддршка и безбедносната ситуација.


