во ,

Оваа жена преку ноќ стана хит – сите гледале во неа поради тоа што го правела на плажа: „Каде ми беше мене паметот досега?“

На социјалните мрежи почна да се шири снимка од една жена која што брзо го решила својот проблем со кој што се соочила.

Јасно е колку е важно да се мачкаме со креми со заштитен фактор, особено доколку се сончаме на плажа.

На социјалните мрежи се појави видео кое што веднаш стана вирално, а на него оваа повозрасна жена нашла одлично решение за да се намачка со крема за сончање на грбот.

Реклама

Имено, некој успеал да ја сними оваа жена како се мачка со крема за сончање на грбот со помош на мал валјак.

Не се знае каде точно снимката настанала, но се слуша како луѓето кои што се наоѓаат во близина се смеат поради сцената која што ја виделе.

Снимката ги воодушевила и корисниците на социјалната мрежа Твитер кои што ѝ честитале поради тоа што добро се снашла.

„Парола – снајди се“, „И јас го сакам ова“, „Е, ова е дефиниција за феминизам – никој не ми треба, сама можам“, „Па кај ми беше мене паметот досега?“ – се само дел од коментарите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шведска група уметници наречена “Anonymouse” создава минијатурни куќи за глувчиња низ градот

Неверојатни копии од познатите личности направени од мека глина