во ,

Ова е твојата секира?

Еден ден, додека дрвосечачот сечеше гранка од едно дрво над реката, неговата секира падна во водата. Кога заплака, се појави Господ и го запраша зошто плаче. Тој му одговори дека секирата му паднала во водата и дека му е потребна, бидејќи така заработува за живот. Господ слезе во реката и се појави со златна секира.

– Ова е твојата секира?

Реклама

– Не.

Господ повторно слезе и се појави со сребрена секира.

– Ова е твојата секира?

– Не.

Господ повторно слезе и се појави со дрвена секира.

– Ова е твојата секира?

– Да.

Господ беше воодушевен од чесноста на дрвосечачот па му ги даде сите три секири и дрвосечачот среќен си отиде дома.

После некое време, дрвосечачот се шетал со својата жена покрај реката, и жената му падна во реката. Тој заплака, а Господ повторно се појави и го запраша зошто плаче.

– Господе, жена ми падна во реката!

Господ слезе долу и се појави со Анџелина Џоли.

– Ова е твојата жена?

– Да! – рекол дрвосечачот.

Господ налутено…

– Ме лажеш! Тоа не е вистината!

– Прости ми Господе. Да речев дека не е моја жена, ти ќе се појавеше со Џенифер Анистон. Кога ќе речев дека и таа не е моја жена, ти ќе се појавеше со мојата жена. И кога ќе кажев дека тоа е мојата жена, ти ќе ми ги дадеше сите три и заради тоа реков дека Анџелина Џоли е мојата жена!


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Едноставни и практични трикови кои ќе ви се најдат во секој хотел

Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа…